top of page

Челзи одново разочара во Премиер

  • rubinirubin
  • Sep 18, 2023
  • 1 min read

На гостувањето во југот на Англија, „сините“ одиграа уште еден натпревар под своите очекувања и можности и ремизираа со новајлијата Борнмут (0-0)






„Сините“ од Лондон во овој меч влегоа како благи фаворити, но на терен не го докажаа тоа. Имаше шанси и пред двата гола, а статистиката забележа вкупно 27 удари и вистинско чудо е што не видовме гол.

Челзи имаше добри прилики преку Џексон и Стерлинг, додека за „црешите“ најголемите шанси ги испуштија Соланке и Билинг. На крајот од натпреварот имаше неколку возбудувања пред двата гола, но Нето и Санчез беа на висина на задачата меѓу стативите.

Челзи сега е на 14-та позиција со пет бода и продолжува со лошиот почеток на сезоната. Борнмут пак една позиција подолу со три бода и сè уште го чека првиот триумф во новата сезона во Премиер лигата.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page