top of page

Цената на црното злато е во пад

  • rubinirubin
  • Dec 21, 2023
  • 1 min read


Поради зголемување на залихите на САД, цените на нафтата паднаа.

Барел нафта од типот брент поевтини за три центи на 79,67 долари, а барел американска сурова нафта по пад од шест центи се продаде за 74,16 долари.


Големите бродски линии одлучија да не ја користат рутата на Црвеното Море поради нападите на комерцијалните бродови од јеменските бунтовници Хути, а подолгите патувања ги зголемуваат трошоците за испорака и осигурување.

Американската администрација за енергетски информации соопшти дека залихите на сурова нафта во САД се зголемиле за 2,9 милиони барели во неделата до 15 декември на 443,7 милиони барели, иако аналитичарите очекуваа намалување, пренесе Ројтерс.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page