Турција е кандидат за изградба на следната фабрика на „ТЕСЛА“
- rubinirubin
- Sep 18, 2023
- 1 min read

Tурскиот претседател Таип Ердоган му предложил на извршниот директор на „Тесла“ (TESLA.O) Илон Маск да изгради фабрика во Турција, јавува државната новинакс агенција „Анадолија“.
Се наведува и изјавата на Маск дека многумина турски добавувачи веќе соработуваат со „Тесла“, па Турција е меѓу најважните кандидати за изградба на следната фабрика.
Маск, пак, како што се наведува, посочил дека SpaceX сака да соработува со турските власти за да ја добие потребната лиценца за понуда на сателитските услуги Starlink во Турција.
Исто така, се вели дека Ердоган го поканил Маск да присуствува на турскиот фестивал за воздухопловство и технологија „Текнофест“, што ќе се одржи во Измир на крајот од месецов. Одговорот на Маск бил дека со задоволство ќе присуствува.
Во моментот „Тесла“ има шест фабрики, а седмата ја гради во Мексико, во северната држава Нуево Леон. Тое е дел од напорите на производителот на автомобили да го прошири своето глобално влијание.
Маск во мај изјави дека „Тесла“ најверојатно ќе избере локација за нова фабрика до крајот на годинава.
Акциите на „Тесла“ се зголемија за 123 проценти во текот на оваа година, а овој производител во саботата соопшти дека го произведе својот пет милионити автомобил.



Comments