top of page

Трамп најави уште еден митинг во градот каде му беше извршен обид за атентат

  • rubinirubin
  • Jul 27, 2024
  • 1 min read
ree

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.


Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна.

Comentarios


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page