top of page

Тебас: Мбапе сигурно доаѓа во Реал

  • rubinirubin
  • Apr 14, 2024
  • 1 min read

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас е уверен во трансфер на фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе во Реал Мадрид.


Тој истакна дека во шпанското првенство секогаш играат најдобрите фудбалери.

– Јас сум 99,99 отсто сигурен дека Мбапе ќе биде во Реал Мадрид. Што се однесува до доаѓањето на Халанд во Шпанија во скоро време, тоа ќе биде потешко. Тој не беше во Сити доволно долго за да размислува за заминување, изјави Тебас за „Marca“.

Претходно беше објавено дека Мбапе одбил бонус за верност кон ПСЖ во износ од 80 милиони евра, само за да се пресели во Реал Мадрид.

Французинот кој е еден од најдобрите фудбалери на светот, името на својот иден клуб ќе го соопшти пред почетокот на Европското првенство 2024.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page