top of page

Сончево и топло со температури до 39 степени

  • rubinirubin
  • Jul 8, 2024
  • 1 min read

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page