Се реконструира патот кој води до црквата во с.Ротино
- Mar 23
- 1 min read

Започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата.
Увид во градежните работи направи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за овој проект.

Должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни.
По поставувањето на тампонираната подлога со дебелина од 25 см, ќе следи асфалтирање.

Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој Општина Битола имаше одобрено најголем број проекти.
И овој проект е потврда на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на состојбите и во руралните средини.



Comments