Првични резултати: Путин освоил 87 отсто од гласовите
- rubinirubin
- Mar 17, 2024
- 1 min read

Во Москва гласачките места за изборите за претседател на Русија беа затворени точно во 20:00 часот по локално време, а тридневните избори завршуваат во Калининградската област, најзападната руска ексклава на Балтичкото Море. Веќе се објавуваат и првите излезни анкети, според кои, Владимир Путин освоил 87,97 отсто од гласовите.
Според РИА Новоски, истиот процент на освоени гласови го утврдила и Централната изборна комисија по преброени 24,4 отсто од гласачите ливчиња.
Николај Харитонов од Комунистичката партија има 3,8 отсто од гласовите, Владислав Даванков д партијата „Нови луѓе“ 3,73, а Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија 2,96 отсто.
Вкупната излезност на претседателските избори во Русија е 74,22%. Одѕивот на гласачите во Москва била околу 66 отсто.
Резултатот на Путин е рекорд во историјата на модерна Русија. Во 2018 година, тој освои 76,69%, а во 2012 година – 63,6%. Дмитриј Медведев победи во 2008 година со добиени 70,28% од гласовите. Во 2004 и 2000 година Путин победи со 71,31% и 52,9%. Во 1996 година, пак, Борис Елцин победи во вториот круг со освоени 53,82% од глаовите на рускиот електорат.
Comments