Повеќе од 1.550 деца се жртви на руската инвазија врз Украина
- rubinirubin
- Jul 13, 2023
- 1 min read

Од почетокот на руската инвазија врз Украина до денеска повеќе од 1.552 украински деца се жртви на агресијата односно 494 деца се убиени, а над 1.058 се повредени, соопшти украинското Јавно обвинителство.
Најмногу деца загинаа или се повредени во Доњецк – 472, во Харков – 297, во Киев – 129, во Керсон – 116, во Запорожје – 97, во Николаев – 89, во Дњепропетровск – 83, во Чернихив – 71 и во Луганск – 67.



Comments