Победи европската Супер Лига
Веста која денес стигна од Луксембург, донесе потрес во светот на фудбалот.
Имено, судот кој заседаваше по прашањето за формирање на европската Супер Лига одлучи дека ФИФА и УЕФА неправилно им се заканувале на клубовите со исфрлување од европските натпреварувања, а истовремено се дава зелено светло за формирање на ново натпреварување како Суперлигата.

– Правилата на ФИФА и УЕФА со кои секој проект за ново клупско фудбалско натпреварување, како што е Суперлигата, е предмет на нивно претходно овластување и со кое им се закануваат на играчите да учествуваат во него, со еден збор се нелегални, – гласи дел од образложението на судот, во кое се додава дека УЕФА не смее да врши монопол и да забранува новоформирани натпреварувања како Супер лигата.
Ова значи дека клубовите во иднина нема да подлежат на никакви санкции како што најавуваа УЕФА и ФИФА, па така сега Флорентино Перез и неговите соработници ќе можат слободно да го тераат проектот Супер лига.



Comments