top of page

Откако САД ја прекина помошта за Украина, Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата

  • rubinirubin
  • Mar 5
  • 1 min read
ree

Во овој момент на неизвесност, кога светот се соочува со големи предизвици, ќе ви се обратам вечерва, напиша Макрон додека лидерите на Европската Унија се подготвуваат да одржат специјален самит посветен на одбраната на Украина во четврток.

Европските земји панично се обидуваат да ги зголемат трошоците за одбрана и поддршката за Украина во нејзината војна против руските сили во услови на зголемени сомневања/страв за посветеноста на американската администрација да ја брани Европа.


Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина воената помош за Киев, во неговиот последен чекор да ја смени американската политика и да заземе  став кон потратат по мирно решение.

Франција работи на обновување на врските меѓу Соединетите Држави и Украина за да се постигне „траен и цврст мир“, изјави претходно во средата владината портпаролка Софи Примас.

 
 
 

댓글


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page