top of page

Новак со победа до најголем во историјата!

  • rubinirubin
  • Jun 12, 2023
  • 1 min read



Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по 23-ти пат во кариерата освои Грен слем титулата.

Во финалето Новак Ѓоковиќ го победи Каспер Рудо со 3-0 во сетови и по трет пат во кариерата го освои Ролан Гарос.


Ова е негова 23. Грен слем титула во кариерата и сега ниту еден тенисер нема повеќе од најголемите тениски трофеи од Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас во полуфиналето го „преслуша“ најдобриот тенисер на планетата Карлос Алкараз, а во финалето се сретна со Каспер Руд кој не помина ништо подобро од шпанскиот тенисер.

Она што е исто така важно е дека Новак Ѓоковиќ сега е на одличен пат да го освои календарскиот слем, односно сите четири грен слем титули во една година.

Зимава го освои Австралија опен, сега во неделата ги покори Париз и Ролан Гарос, а му останаа уште Вимблдон и УС Опен.



 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page