НАД 1 МИЛИОН ЕВРА Е ПРЕМИЈАТА НА ЛОТО 7 НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА
- rubinirubin
- Jan 26, 2024
- 2 min read

Рекордни 62 000 000 денари, или 1 000 000 евра носи 7-ката на играта
ЛОТО 7 на Државна лотарија, што е досега најголема сума што може да се освои во нашата земја.
Инаку, Државна лотарија започна со приредување игри на среќа на 23 април 2010 година, а првото коло на играта на среќа лото под име Ново Лото 7/34 се реализираше на 5 мај 2010 година. Првата седумка во играта Ново Лото 7/34 е постигнатана 5.9.2011 година со вредност од 21.173.081,00 денари, а среќните броеви се уплатени во продажното место „Студио Гина“ во Битола. Оттогаш во лото играта, којашто во 2019 беше преименувана во ЛОТО 7, постигнати се вкупно 27 (дваесет и седум) седумки, а за седумка се славеше во различни градови: дванаесет пати во Скопје, пет пати во Битола, два пати во Кичево, два пати во Куманово и по еднаш во СветиНиколе, Тетово, Неготино, Струмица, во Кавадарци и во Кочани. Во однос на вредноста на добивките со 7 погодоци до сега постигнати се 11 добивки со гарантирана вредност од 6 000 000,00 денари и една со гарантиран фонд од 7.777.777,00 денари. Сите други седумки се добивки кои што се над гарантираниот износ од страна на Државна лотарија. Најголемата премија до сега е во вредност од 41.163.771,00 денари, а среќните броеви добитникот ги уплатил во продажното место ЈМБ Компани Визбегово в оСкопје. Фондот за 7-ката која што сега изнесува над 1 000 000 евра започна да се собира по освојувањето на последната седумка која што беше исплатена во декември 2022 година воКичево, од кога фондот за 7-ка во ЛОТО 7 постојано расте. Секое наредно коло ќе го очекуваме новиот добитник на 7-ка кого го чека премија до сега највредна и најголема водржавата. Нечии 30 денари, колку што чини една лото-кобинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите ваши среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна над 1 000 000 евра и да станете најголемиот лото милионер во нашата земја.
Comments