МП: Измените на Законот за бесплатна правна помош влегуваат во собраниска процедура

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош влегува во собраниска процедура, информираат од Министерството за правда. Со измените кои ќе се носат по скратена постапка се врши усогласување со Законот за вештачење и со тоа корисниците на бесплатна правна помош ќе имаат пристап до услугите од вешто лице.
Како што информираат од Министерството за правда, со членот 1 од Предлогот на закон се менува членот 13 став 6 од Законот за бесплатна правна помош на начин што се определува дека наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во Регистарот за вештаци или правни лица запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење.



Comments