Мицкоски ќе го пречека косовскиот премиер Курти
- rubinirubin
- Aug 5, 2024
- 1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на косовскиот премиер Албин Курти.
Како што соопштија од владината прес-служба, во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти, по што ќе следи билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.
Предвидено е Мицкоски и Курти денеска да одржат заедничка прес – конференција во Медија центарот на Владата.
Се очекува во разговорите да стане збор и за инцидентот со претседателката на Косово Вјоса Османи на скопскиот аеродром.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово изрази загриженост поради инцидент со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, нарекувајќи го „недостоинствен“ односот на аеродромското обезбедување кон Османи, и побарало официјални појаснувања во врска со инцидентот од амбасадата на Северна Македонија во Приштина и од македонското МНР.
Comments