top of page

Мицкоски: Ако има индиции за кршење на работничките права, да се видат доказите и да се реагира

  • rubinirubin
  • Jul 30, 2024
  • 1 min read
ree

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите во однос на информаците од „Гласен текстилец“ дека во изминатиот период е евидентирано кршење на работничките права и непочитување на Законот за недела неработен ден рече дека доколку навистина има такви индиции, треба да се видат доказите и да се реагира.

– Ако навистина има такви прекршувања за кои што говорат од „Гласен текстилец“, треба под итно да седнеме и да видиме кои се доказите и веднаш да разговараме. Не е тоа само локална тема. Тоа треба да биде и национална тема, рече Мицкоски.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page