top of page

Министерството за здравство објави нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

  • rubinirubin
  • Mar 18
  • 1 min read
ree

Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти.

Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки.


Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа:

Клинички центар – 52 пациентиГОБ „8 Септември“ – 17 пациентиУниверзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 12 пациентиКлиника за токсикологија – 10 пациентиАџибадем Систина – 7 пациенти

Покрај обезбедувањето медицинска нега во земјата, дел од пациентите се транспортирани во здравствени установи во странство, благодарение на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

Литванија – 4 пациентиАвстрија – 2 пациентиСловенија – 2 пациентиРепублика Србија – 12 пациентиРепублика Бугарија – 1 пациент


Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува медицински транспорт од Австрија, Грција и Хрватска, со авиони и хеликоптери за натамошен трансфер на пациенти.

Министерството за здравство информира дека сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Дополнително, во соработка со ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија се формирани мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои обезбедуваат психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.

За сите кои имаат потреба од психолошко советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, каде што стручни лица обезбедуваат поддршка.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page