top of page

Месинџер конечно поправи нешто за што многу корисници се жалеа

  • rubinirubin
  • Apr 14, 2024
  • 1 min read

Мета објави ажурирање на Месинџер апликацијата што е веќе достапно за корисниците во некои земји. Станува збор за HD опцијата, односно можност за испраќање фотографии со подобар квалитет.

Сè останува исто, со едно дополнување – едноставно, како и досега, ја избирате сликата што сакате да ја испратите на Месинџер, потоа притиснете го знакот за HD и притиснете Send.

Оваа промена израдува многу корисници на апликацијата кои претходно се жалеа на квалитетот на фотографиите при испраќањето.

Тоа не е единствената вест. Мета објави дека корисниците сега ќе можат да креираат „споделени албуми“ во апликацијата. За да креирате албум во групен разговор, изберете фотографии во апликацијата, па потоа опцијата „Креирај албум“. Исто така, ќе може да притиснете и задржете фотографија во разговор за да го отворите копчето „Креирај албум“.



 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page