top of page

Македонската репрезентација остана на 66. место на ФИФА ранг-листата

  • rubinirubin
  • Oct 27, 2023
  • 1 min read

Најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска не донесе измени за македонската фудбалска репрезентација која со 1368.41 бодови остана на 66. место.


Македонските фудбалери овој претрпеа пораз од Украина (0-2) во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024, а ја совладаа Ерменија (3-1) во пријателски натпревар во Струмица.

На врвот на ранг-листата на ФИФА, исто така, нема измени и води светскиот првак Аргентина, пред Франција, Бразил, Англија и Белгија.

Репрезентацијата на Португалија напредуваше две позиции и сега е на шестото место, пред Холандија, Шпанија и Италија, додека Хрватска падна за четири места и на најновото рангирање е на десеттата позиција.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page