Македонија ги добива ривалите во Лигата на нации, Романија и Шведски најнепосакувани
- rubinirubin
- Feb 7, 2024
- 1 min read

Денес попладне во Париз ќе се одржи ждрепката за најновото издание на Лигата на нации, која ќе стартува во септември оваа година.
Македонија остана во Лига Ц, меѓутоа е во лоша положба бидејќи извлекувањето ќе го очекува од третиот шешир. Подобро рангирани во Лигата на нациите од нашата селекција се селекции како Фарски Острови, Косово, Луксембург… ама тоа сè е како последица по лошиот настап во минатото издание.
Шешири за ждрепката во Лигата на нациите:
Шешири за Лига А:
Прв шешир: Шпанија, Хрватска, Италија, ХоландијаВтор шешир: Данска, Португалија, Белгија, УнгаријаТрет шешир: Швајцарија, Германија, Полска, ФранцијаЧетврт шешир: Израел, Босна и Херцеговина, Србија, Шкотска
Шешири за Лига Б:
Прв шешир: Австрија, Чешка, Англија, ВелсВтор шешир: Финска, Украина, Исланд, НорвешкаТрет шешир: Словенија, Ирска, Албанија, Црна ГораЧетврт шешир: Грузија, Грција, Турција, Казахстан
Шешири за Лига Ц:
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, ЛуксембургВтор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски ОстровиТрет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, КипарЧетврт шешир, Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Шешири за Лига Д:
Прв шешир: Литванија/Гибралтар, МолдавијаВтор шешир: Малта, Андора, Сан Марино, Лихтенштајн
Првите две кола се играат на 5 и 8 септември, потоа третото и четвртото на 10 и 13 октомври, додека групите ќе завршат со два натпревари на 14 и 17 ноември.
Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.



Comments