top of page

Децата родени во април се навистина посебни: Дознајте зошто е тоа така

  • rubinirubin
  • Apr 10, 2024
  • 1 min read

Тие се ноќни птициЕдно истражување открило дека луѓето родени во пролетните и летните месеци си легнуваат многу подоцна за разлика од оние родени во есен или зима.

Имаат позитивен поглед кон светотСтудентите од еден универзитет во Унгарија, во 2014-та спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.


Тие се лидериСпоред истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.

Имаат помал ризик од астмаЕдно истражување од 2015-та година покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.


Имаат помал ризик од хиперактивно нарушувањеЕдно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.

Порано се изложени на сончеви зрациОва можеби не е многу добра вест, но добро е да бидете информирани. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во пролет имаат поголем ризик од развој на меланом. Најверојатно причината е што се изложени на сончеви зраци во најраниот период од животот. Па, вооружете се со заштитна крема и користете ја за секое излегување на сонце.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page