top of page

ДЕМАНТ

  • rubinirubin
  • Apr 8, 2024
  • 1 min read


Државната лотарија на Северна Македонија најостро ги демантира

дезинформациите и невистините што ги шири албанската опозиција за наводно

отворање на тендерската постапка за 2.000 машини и 2.000 нови столчиња за

набавка на апарати за игрите на среќа.

Државната лотарија на Северна Македонија ја информира пошироката јавност дека

немало и нема ваква тендерска постапка и дека информациите протекуваат за

политички цели и за оштетување на имиџот на Државната лотарија.

Државната лотарија на Северна Македонија бара од експонентот на албанската

опозиција што ја пласира оваа информација на прес-конференција со медиумите,

но и од коалицијата на албанската опозиција да се извини за лажните информации

објавени во јавноста, во спротивно ќе се соочат со тужби за клевета и намерно

оштетување на имиџот.



Служба за односи со јавноста на Државната лотарија

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page