top of page

Венко Глигоров со пофалби за односот на новиот министер за внатрешни работи

  • rubinirubin
  • Jun 26, 2024
  • 1 min read
ree

Истакнатиот стопанственик и јавна личност, Венко Глигоров во објава на социјалните мрежи ја пофали посветеноста на новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски за решавање на проблемите со издавањето на новите документи

Глигоров ја изрази својата поддршка за министерот, посочувајќи дека неговата посветеност ја забележал лично додека чекал ред за нова лична карта. Во тој момент, министерот пристигнал и се ангажирал за решавање на големите гужви, кои се резултат на неактивноста на минатата власт.


ree

На последните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои убедливо мнозинство, благодарение на разочарувањето на граѓаните од нефункционирањето на институциите раководени од власта на СДСМ и ДУИ.

Односот на министерот Тошковски и фуриозниот старт на премиерот Христијан Мицкоски се добар показател дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на позитивен дисконтинуитет и ќе донесе резултати.

 
 
 

Comments


ezgif-2-fd271dfaeb.gif
bottom of page