Ангелов: Активни се девет пожари, нови пожари во Охридско и Скопско
- rubinirubin
- Aug 2, 2024
- 1 min read

Во моментов во државата активни се девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели во видео порака директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
-За жал дури и денес на Илинден, на територијата на државата беснеат девет пожари на отворено и шумски пожари. Пожарот на Осоговските планини, кој беснее на територијата на Општина Пробиштип, во атарот на селото Зеленград, бидејќи се одвива на исклучително тешко пристапен терен и повеќе денови ни задава главоболка, иако дејствувавме во повеќе наврати во воздухоплови, дејствувавме и од земја, денеска одлучивме да го нападнеме со концентриран број на хелихоптери. Во текот на утрово, но и во текот на остатокот на денот овде ќе делуваме со осум хелихоптери – три македонски (два армиски и еден полициски), еден српски, два унгарски, еден словенечки и еден чешки, кажа Ангелов.
Тој наведе дека тежок пожар има и во општина Македонски Брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, кон Јасен, кој се одвива неколку дена на тешко пристапен терен.
-Овде утрово го испративме да дејствува полицискиот хелихоптер МИ 171, но и тимот од Унгарија кој пристигна како помош од странство со ЕУ механизмот, составен од 46 искусни пожарникари, од кои некои користат специјални теренски возила со кои можат да се пробијат на најтешко пристапните места. Исто така, од земја гасат и 50 припадници на Армијата со поддршка на 20 локални пожарникари и месно население, вели Ангелов.
Comments