EБР има стожерна позиција во севкупниот полициски систем на функционирање
- rubinirubin
- Aug 23, 2024
- 1 min read

Денеска, (23.08.2024) во Полицискиот центар Ѓорче Петров беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 23 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи. Во присуство на претставници на Владата, највисокото раководство на МВР, претставници на семејствата на загинати и починати припадници на ЕБР, како и припадниците на оваа единица, ги поздрави и им се обрати директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.
Во своето обраќање, директорот Јанев ги потенцираше сите позитивни постигнувања и дострели на Единицата за брзо распоредување кои сите не прават исклучително горди, а тоа се: улогата, професионалниот квалитет на знаења и вештини и местото што ЕБР го има во полициско-безбедносниот систем на нашето министерство.
„Нема дилема дека во севкупниот период од постоење Единицата, односно сите нејзини припадници во минатото и денес, систематично и доследно успеваат да ги исполнат зацртаните цели утврдувајќи ја стожерната позиција на единицата во севкупниот полициски систем на функционирање. Особено во делот на посложени, би рекол по сензитивни и поспецифични полициски задачи и надлежности. И затоа, сосема со право, сега можеме да говориме за Единица чии што одлики и широки оперативни перформанси ама по ништо не заостануваат во споредба со истите такви полициски формации на полициите од Европа и светот.“, истакна директорот Јанев.



Comments